Украинскиот победник на Евровизија замина на фронтот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Оркестарот Калуш, кој ја претставуваше Украина, победи на овогодинешната Евровизија со песната „Стефанија“.

Фронтменот на групата која победи, Олег Псијук, после музичкото натпреварување, веднаш се враќа во својата земја.

Имено, Олег се приклучил на фронтот во Украина. Музичарот е фотографиран пред хотел во Торино со својата девојка Александра. Двојката се поздравила пред музичарот да замине да ја брани Украина во војната против Русија, јавуваат странските медиуми.

Веднаш по финалето, фронтменот на оваа група на прес-конференцијата се заблагодарил за поддршката и најавил дека е подготвен да се бори за својата земја.

„Имаме привремена дозвола да бидеме овде во Торино и таа завршува за точно два дена и потоа треба да се вратам во Украина. Тешко е да се знае што ќе правам, но, како и секој Украинец, јас сум подготвен да се борам до крај. Апелирам да се ослободат сите луѓе од Азовстал“, изјавил Олег.

Слични содржини