Претседателката на Прекршочниот суд во Сремска Митровица, Зорица Маринковиќ Илиески во вторник била претепана од осудена жена во судницата.

Се работи за жена од Унгарија која била осудена затоа што го прекршила Законот за странци. таа била фатена во близина на Шид без документи, а една рака и била во гипс.ќ
Била изведена пред суд по кратка постапка, а го признала делото за што судијката и изрекла казна од 15.000 динари, по што таа поминала покрај судскиот тумач и записничар, кои се обиделе да ја спрешат, но таа ја удрила судијката со раката што и била во гипс, а кога оваа паднала на земја почнала да ја клоца.
Судијката има потрес на мозокот, модрици по рацете и нозете, но и тахикардија и висок притисок.
Судиите во прекршочните судови често се соочуваат со закани и навреди, но како што велат од судот во Сремска Митровица, ова е прв случај некој да крене рака врз судија.