Унгарскиот филм ја однесе “Златната мечка” на Берлинале

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Илдико Eниеди со “Златната мечка”.

Филмот на унгарската режисерка Илдико Eниеди “За телото и душата” ја доби  главната награда “Златната мечка” на Берлинскиот филмски фестивал Берлинале. Победата ги  изненади и критичарите. Филмот раскажува за млада жена и зрел маж, кои треба да си ги  надминат внатрешните пречки, за да ги признаат своите чувства еден кон друг. Филмот на Ениеси освои уште три награди – на екуменското жири, на Меѓународната федерација на медиумите (FIPRESCI) и на весникот “Берлинер моргенпост”.

“Златна мечка” отиде и кај режисерот и сценаристот Диего Аран за краткометражниот  филм “Малиот град” како најдобар во својата категорија.

Престижната награда “Алфред Бауер” ја доби полската режисерка Агнешка Холанд за филмот “Трагата на ѕверот” (Spoor), кој раскажува за престара дама, која ја презеде улогата да се меша во судбините на луѓето.

Финскиот режисер Аки Каурисмки ја освои “Сребрената мечка” за филмот  “Од другата страна на надежта” (The Other Side of Hope).

 Критичарите прогнозираа награда за филмот,кој најмногу поради темата , која е дневнополитичка за Европа – бегалската криза.

Гран-при на жирито отиде кај режисерот Ален Гомиш со неговиот филм “Фелисите” (Felicite).

Дејствието се одвива во Киншаса, престолнината на Конго, каде надарена пејачка се обидува да собере незамисливо за неа 600 долари за операција на нејзиниот син, повреден при хаварија. Актерката Веро Беја сподели во едно интервју дека “се  не мораше да се соживува во улогата, бидејќи Софиската реалност беше и останува нејзиниот живот”.

Актерот Георг Фридрих, ја одигра главната улога во фирма “Светли ноќи” (Bright Nights),  и ја однесе “Сребрената мечка” за најдобра машка улога.  Аналогно  на наградата  тој ја освои јужнокорејската актерка Ким Мин ХИ за женската улога во филмот “Осаменоста ноќ на плажа” на режисерот Хон Сан Су.

“Сребрена мечка” за извонреден уметнички придонес доби уредникот Дане Бунеску за монтажа на филмот “Ана, љубов моја” (Ana, mon Amour) на режисерот Петер Нетцер. Филмот е копродукција на Германија, Романија и Франција. Тој раскажува за драмата во односите помеѓу двајца млади луѓе во кои жената страда од ментално растројство.

Престижната сребрена награда за најдобро сценарио добија исто Себастијан Лелио и Гонзало Маца поради текстот на филмот  “Фантастична жена” (Una Mujer Fanatastica). / ТАСС