Унгарскиот претседател Јанош Адер го потпиша законот за мигрантите ,  донесен пред една недела од парламентот, пренесе Europe balkan latest news. 

Орбан тоа  направил уште во среда, но беше објавено по информирањето на претседателот на парламентот. Законот влегува во сила по 8 дена. Потсетуваме дека новите мерки предвидуваат автоматски задржување на мигрантите во кампови по јужната граница на земјата.

Тие се во одговор на последните терористички напади во Европа, извршени од бегалци, според премиерот Виктор Орбан.

Во 2013 година Владата беше принудена да ја откаже оваа мерка поради притисокот на ЕУ, Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Европскиот суд за правата на човекот.

Мигрантите ќе бидат сместени во “транзитни зони” до границите со Србија и Хрватска , каде што ќе бидат уапсени, додека не биде донесена одлука за нивните апликации за азил.

Организации за заштита на човековите права изразија загриженост од протурканите законски  мерки. Орбан најави дека мигрантите ја држат земјата “под опсада” и очекува сегашното затишје на протокот да биде само привремено.