539
Јелена Карлеуша за себе мисли дека е трендсетер и стилска икона и секако, не пропушта тоа да го нагласи во ниту една прилика.
Овојпат, таа тврди дека Аријана Гранде ископира нејзин стајлинг од октомври 2019 и секако, тоа го објави на својот профил на Инстаграм.
„Еј, здраво Аријана Гранде, во ред е да имаш ист фустан, но не и ако е прилагодено парче…“, напиша таа, нагласувајќи дека е нефер кон дизајнерката која првично го изработила нејзиниот фустан.
Ова не е првпат Карлеуша да обвини позната ѕвезда дека го копира нејзиниот стил, а токму овие тврдења беа дел дури и од шоуто на Венди Вилијамс.