УРНЕБЕСНО: Аријана Гранде ископирала стајлинг на Карлеуша од пред 4 месеци? (ФОТО+ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Јелена Карлеуша за себе мисли дека е трендсетер и стилска икона и секако, не пропушта тоа да го нагласи во ниту една прилика.

Овојпат, таа тврди дека Аријана Гранде ископира нејзин стајлинг од октомври 2019 и секако, тоа го објави на својот профил на Инстаграм.

„Еј, здраво Аријана Гранде, во ред е да имаш ист фустан, но не и ако е прилагодено парче…“, напиша таа, нагласувајќи дека е нефер кон дизајнерката која првично го изработила нејзиниот фустан.

Ова не е првпат Карлеуша да обвини позната ѕвезда дека го копира нејзиниот стил, а токму овие тврдења беа дел дури и од шоуто на Венди Вилијамс.

Слични содржини