Пензионираниот јамајкански атлетичар Усеин Болт имаше прилика во средата да му покаже на тренерот на омилениот клуб Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, што знае во фудбалот.

Имено, Болт, синоќа учествуваше на спектаклот “Hublot Match of Friendship” во швајцарски Базел, каде заигра мал фудбал во екипата што ја водеше Мурињо, додека од другата страна беа играчите на Марадона.
„Кога ќе чујам како зборува за фудбалот ми свучи како сон на некое дете, но кога ќе го видам да игра тоа повеќе не звучи така. Атлетиката доби великан, но можеби фудбалот изгуби голем талент“, рече Мурињо.
„Ова беше одлично искуство. Беше интересно и среќен сум што сум овде. Не беше лесно, но можеби е почеток на нешто големо“, порача Болт, кој во екипата беше со великани како Марсело Десаили, Патрик Клуверт, Кристијано Карембу, а од другата страна, Давид Трезеге, Марко Матераци, Роберто Карлос, Анџело Перуци, Хернан Креспо….
Болт порано изјавуваше дека еден од најголемите соништа му е да потпише со Манчестер Јунајтед, а веќе утре го очекува тренинг со фудбалерите на Борусија.
Usain Bolt showed off his skills on the pitch. pic.twitter.com/uiuda19eBO
— ESPN FC (@ESPNFC) March 22, 2018