Уште една бизарна изјава на Трамп: Ми се допаѓа она што го рече Путин, тоа значи дека тоа што го кажувам е вистина

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп позитивно ја оцени изјавата на рускиот лидер Владимир Путин, кој неодамна изјавил за неговата подготвеност да ја реши кризата околу Украина.

„Ми се допаѓа тоа што го вели бидејќи тоа значи дека тоа што го кажувам е вистина“, истакнал Трамп во петокот.

Тој во интервју тврдел дека доколку биде реизбран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши конфликтот во Украина, а во таа прилика најави и неколку детали како ќе стави крај на судирте кои траат повеќе од 18 месеци.

Поранешниот американски претседател веќе неколку пати тврдеше дека може во брзо време да ја реши ситуацијата и да го запре крвопролевањето на фронтот.

„Ако ви ја кажам вистината, ќе ги изгубам сите мои адути за преговарање. Мислам, не можете навистина да соопштите што точно имате намера да направите. Но, јас би му кажал одредени работи на Путин и би му кажал одредени работи на Зеленски“, кажал Трамп.

На 12 септември, на Источниот економски форум, рускиот претседател Владимир Путин позитивно ја оцени подготвеноста на Трамп „за неколку дена да ги реши итните проблеми, вклучително и украинската криза“.

Според рускиот претседател, „ова не може, а да не не направи среќни“.

Во исто време, Путин изрази сомневање дека каков било исход од изборите во САД ќе влијае на американско-руските односи.

Слични содржини