Општина Демир Хисар и организацискиот одбор на официјалната прослава на Илинден во с.Смилево најостро ја демантираат дезинформацијата дека од било кого било барано химната на Република Северна Македонија да ја изведува во каква било поинаква верзија, од онаа која е пропишана во Законот.
Ваквата реакција уследи откако на социјалните мрежи и портали почна да се лиферува класична лажна вест и дезинформација дека од извесен Маркобило побарано да пее химна ама да не ја пее строфата каде се спомнуваат илинденците Гоце Делчев,Даме Груев. Питу Гули ….
Лажната вест агресивно се дистрибуирана и преку Фејсбук групи и профили, и проопзициски портали. Еве дел од содржината на лажната провокација која вечерва се дистрибира.
Класична лага велат од општината која е организатор , и експресно демантираат и на својата официјалната веб страна прецизират :
Химната ќе се изведува во својата официјална и целосна верзија. Ги покануваме граѓаните да дојдат и заеднички да покажеме дека сме посилни од сите оние кои со вакви злонамерни дезинформации ја нарушуваат нашата традиција и нашиот светол заеднички празник Илинден.
Сепак на социјалните мрежи и порталите кои дистрибуираат лажни вести не се пренесува официјалниот демант на лажната вест .