Уште седум дена до крајот на „Попис 2021“ – досега попишани 1.383.434 лица

од Берта Китинска

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, се наближува кон крајот. Остануваат уште 7 дена до привршување на најголемата статистичка операција во земјава.

Денеска Државниот завод за статистика информираше дека вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера.

Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Слични содржини