Уште шест лица приведени за оружениот инцидент во Мала Речица

од Vladimir Zorba

  Полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата. 

Како што потврдија од МВР за МИА, лицата се во Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Досега беа приведени четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во Мала Речица, беше убиено едно лице, а пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Во инцидентот беше повреден Н.Р. (46) од село Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од село Черкези, Кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од село Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

Слични содржини