Утрово изгоре ресторан во центарот на Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пожар рано утринава избувнал во ресторан во близина на Авто мото сојузот на Македонија.

Повредени лица нема, но е причинета материјална штета.

Пожарот бил гасен од 9 пожарникари со 4 возила.

Од МВР појаснуваат дека во СВР Скопје во 04:33 часот е пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ избувнал пожар во угостителски објект при што опожарени се внатрешноста на објектот и кровната конструкција.

Слични содржини