Утврдени роковите за изборните кампањи

од Nikola Popovski

Според роковникот што го усвои Државната изборна комисија, изборната кампања за претседателските избори почнува на 4-ти април, а завршува на 22-ри април до полноќ.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на изборите, најдоцна на втори мај до полноќ.

Учесниците на изборите, листите со кандидат или кандидати за пратеници до ДИК треба да ги достават најдоцна на втори април до полноќ, односно 35 дена пред денот на одржување на изборите.

Кампањата за парламентарните почнува од 18-ти април до 6-ти мај.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13-ти април.

Слични содржини