УЖАС ВО ШПАНИЈА: Пронајдено тело на дете на плажа близу Тарагона

од Vladimir Zorba

Шпанската полиција го испитува телото на детето кое во вторник наутро беше пронајдено на плажа во близина на градот Тарагона, соопштија локалните власти.

Телото е пронајдено во Рода де Бера, крајбрежен град на Коста дел Сол меѓу Тарагона и Барселона, а се работи за дете на возраст од две до три години, се вели во соопштението на градските власти.

Градоначалникот Пере Вирџили за радио станицата RAC1 изјави дека една од хипотезите што властите ја разгледуваат е можноста дека станува збор за дете мигрант што се удавило додека се обидувало да стигне до бреговите на Европа.

Во вторникот наутро, целата област беше опколена и властите ги повикаа локалните жители и туристите да ja избегнуваат додека лекарот не заврши со прегледот на телото и не дозволи телото да биде однесено во мртовечница.

Вирџили рече дека телото на детето го откриле работници кои ја чистеле плажата рано утринава. Рекоа дека е во поодмината фаза на распаѓање и дека детето носело облека „не типична за одење на плажа“.

Извор од крајбрежната стража изјавил дека според една хипотеза детето е мигрант кој се удавил, додека друг извор вели дека ќе треба да се почекаат резултатите од обдукцијата за да може со сигурност да се дознае каде е детето од и причината за неговата смрт.

Мигрантите обично стигнуваат до бреговите на шпанскиот источен дел на Медитеранот по море од правец на Алжир.

Тој морски пат, според шпанската хуманитарна организација за мигранти „Walking Borders“, бил втор најсмртоносен за нив во Средоземното Море во последните пет години.

Се проценува дека само во 2022 година, 464 мигранти загинале во 43 бродоломи.

Слични содржини