Вака принцот Филип се потпишувал во писмата кои ѝ ги испраќал на Дајана

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Филип јавно го осуди неговиот син, принцот Чарлс, кога реши да ја остави Дајана поради Камила, а еден од кралските дописници Ричард Кеј откри за „Дејли меил“ уште некои непознати детали за односот на Филип и Дајана.

Дајана наводно еднаш им се доверила на своите пријатели дека главно зборува за брачните проблеми со свекорот наместо со сопругот и дека тој е единствената личност која целосно ја разбира.

Дописникот тврди дека не било секогаш така. Понекогаш Филип се разбезнувал од самото споменување на името на Дајана затоа што сметал дека таа не е на висина на задачата правилно да се врзе за кралската институција. Но, подоцна тој се приврзал за неа.

Тој честопати ѝ пишувал писма во кои се потпишувал на посебен начин: „Со љубов, Па (тато)“.

„Како татко на ќерка“

Тој започнал да ѝ испраќа писма во текот на 1992 година кога нејзиниот брак со Чарлс беше на стаклени нозе и на крајот резултираше со развод.

„Неговите писма до Дијана беа исполнети со топлина и љубов, исто како кога татко ѝ пишува на својата ќерка“, открил еден од пријателите на Дајана.

Дајана одговарала на неговите писма, доверувајќи му ги своите најголеми тајни и не криејќи колку ја повредило неверството на Чарлс.

„Само глупав човек би ја напуштил Дајана за Камила“, заклучи Филип во едно од своите писма.

Слични содржини