Вакцината Фајзер пристигнува во земјава во февруари

од Nikola Popovski

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, денеска попладне постигнат е директен договор со компанијата, а количината ќе биде позната во текот на следните недели.

„Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“, истакна министерот.

Тој додава дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Слични содржини