Вакцината на „Фајзер“ ОДОБРЕНА ЗА ДЕЦА: СЗО сепак има поинакво мислење

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Светската здравствена организација ги повика националните влади да се воздржат од вакцинирање на деца против коронавирус се додека старите лица и ризичните групи ширум светот не ја примат вакцината.

Барањето на СЗО уследи откако Канада ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца.

– Приоритет навистина треба да биде дистрибуција на вакцини во сите земји во светот со цел да се вакцинираат ризичните групи и постарите лица, и само после тоа треба да напредуваат и да се имунизираат групите кои имаат многу помал ризик за развој на болеста – рече Кејт О Бриен, директор на одделот на СЗО за имунизација и вакцинација.

Канада во средата ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 години и повеќе, со што стана првата земја што го стори тоа.

Главниот медицински советник во Канада, Суприја Сарма, на прес-конференција рече дека Велика Британија и Европската унија наскоро се очекува да го следат нивниот пример.

САД, исто така, треба да ја одобрат вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 до 15 години веќе следната недела.

Иако ваквите одобренија ќе го отворат патот милиони луѓе да примат вакцина во богатите земји, ваквите потези ја зголемуваат загриженоста на СЗО дека ќе создаде длабок јаз и нееднаквост против посиромашните земји како Африка и други.

Слични содржини