Вакцината на „Новавакс“ е 96 отсто ефикасна против коронавирусот

од Берта Китинска

Американската фармацевтска компанија „Новавакс“ објави дека последната фаза на тестирање на нејзината вакцина во Велика Британија покажала дека таа е 96 проценти ефективна против ковид 19.

Вакцината има ефикасност од 86 проценти против британскиот вид, и 55 проценти во одделно, помало испитување во Јужна Африка, каде што волонтерите беа изложени на нов, заразен вид што циркулираше во светот, објави Ројтерс.

И во двата случаи, вакцината беше стопроцентна ефикасна во спречување на сериозни форми на болести и смрт.Компанијата очекува да ги користи овие податоци и да аплицира за употреба на вакцината во различни земји.

Сè уште не е познато кога ќе се побара одобрување од регулаторното тело за здравство во САД и дали Агенцијата за лекови ќе побара да се извршат клинички тестови и во САД.

Слични содржини