Ванковска: Народот не сака билборди како Ким Ил-Сунг – има еден кој ме изненади оти доаѓа од професорка која критикуваше мегаломански реклами

од Nikola Popovski

Ние скромно ја започнуваме кампањата и скромно ќе се претставуваме, како што е скромен нашиот народ – сиромашен, напатен, обичен и тој не сака билборди како Ким Ил-Сунг. Има еден до оваа канцеларија кој ме изненади бидејќи доаѓа од професорка која своевремено критикуваше такви мегаломански реклами, изјави професорката и кандидатка за претседателка, Билјана Ванковска на првиот ден од изборната кампања.

Таа ги повика граѓаните да ја проследат нејзината кампања, а потоа да излезат на избори и да не дозволуваат, како што рече, политичките партии да ги доведат во заблуда оти ова е неважниот дел, дека „ова е предјадење, а главното јадење доаѓа на 8 мај кога партиите ќе се борат“.

„Најавив и останувам на тоа дека ќе бидам една и единствена, која ќе се разликува по она што го нуди, по начинот на кој го презентира, аргументите кои ќе ги приложам притоа и визијата за една поинаква Македонија…На крајот од оваа кампања верувам дека никој нема да има дилема за тоа за што се залага Билјана Ванковска, заедно со Левица“, порача Ванковска.

Со кампањата тргнуваат од Струмица, а како што е најавено ќе завршат со настан во Скопје.

Слични содржини