Вашингтон станува 51-та американска држава?

од Nikola Popovski

Поголемиот дел пратеници во Претставничкиот дом на американскиот конгрес, во кое демократите имаат мнозинство, гласале за административниот округ на градот Вашингтон да стане 51-та американска држава, и покрај противењето на Републиканците.

Републиканците се очекува да се обидат да ја блокираат иницијативата во Сенатот, каде се предвидува тешка борба со неизвесен исход, бидејќи и тие и демократите имаат 50 претставници во Сенатот, објави Ројтерс.

Републиканците се особено против овој предлог, стравувајќи дека претворањето на Вашингтон во сојузна држава трајно ќе им обезбеди на демократите двајца дополнителни претставници во Сенатот, пренесуваат новинските агенции.

Потребни се 60 гласа за да помине во Сенатот, освен ако демократите не се ослободат од филибастерот што ќе овозможи едноставно мнозинство гласови.

Конгресот донесе идентичен закон во 2020 година, но тој падна во тогашниот Сенат под контрола на републиканците.

Администрацијата на Бајден го поддржува охрабрувањето на државноста.

„Премногу долго, повеќе од 700.000 луѓе од Вашингтон беа лишени од целосна застапеност во Конгресот на САД“, се вели во соопштението на Канцеларијата за управување и буџет претходно оваа недела.

Новата федерална држава би се викала „Вашингтон Даглас Комонвелт“, според првиот американски претседател Џорџ Вашингтон и Фредерик Даглас, роб, кој станал познат борец против ропството во 19 век.

Последните територии кои добија статус на држава беа Хаваите и Алјаска во 1959 година.

Слични содржини