Вашиот омилен алкохолен пијалок ја открива вашата природа! Вино пијат романтичарите, а пиво…

од Stefanija Kuzmanovska

Доминантните луѓе сакаат виски, овошни коктели бираат авантуристите, а мартини е пијалок на успешните…

Не случајно секогаш го пиете истиот пијалок во ресторан или на забава. Психолозите составиле профили на луѓе според нивното расположение по чаша од омилениот пијалок врз основа на големо истражување за животни навики.

Под дејство на алкохол некои добиваат неочекувана сила за разговор, други стануваат забавувачи и освојувачи, други се препуштаат на страстите и не оставаат добар впечаток. Проверете каде припаѓате.

Вотка, џин или виски
Чистите и проѕирни жестоки алкохолни пијалоци ги откриваат заводниците кои играат на сигурно притоа оставајќи впечаток на мажествени и доминантни типови.

Жените се со помала веројатност да ги нарачаат овие пијалоци, а оние кои ги нарачуваат имаат тенденција да бидат директни и самоуверени.

Пиво
Пивото го избираат мажи кои се чувствуваат добро во своја кожа, сакаат рутина и немаат превисоки цели во животот.

Жените кои најчесто нарачуваат пиво се самосвесни и сакаат да уживаат во животот.

Вино
Мажите кои го пијат се свесни за своите можности, а во љубовта не се заинтересирани за минливи афери, туку за страсни и длабоки врски.

Жените чиј омилен пијалок е виното одржуваат самоконтрола и не потпаѓаат лесно под влијание на другите.

Мартини
Оние кои го сакаат овој пијалок сакаат добра забава, танцување и дружење. Човек со мартини во рака обично е претпазлив во бизнисот.

За дамите кои уживаат во мартини, нивниот љубовен живот е поважен од деловниот. Тие се вистински флертувачи.

Текила или пелинковац
Овие пијалоци откриваат едноставни мажи на кои не им треба многу за добро да се забавуваат. Тие се искрени и отворени за луѓето.

Жените сакаат дружење, но често се несреќни во љубовта бидејќи имаат премногу очекувања.

Овошни коктели
Мажите чиј омилен пијалок се коктелите обично се незрели и фокусирани на сопственото задоволство.

Жените кои сакаат коктели „глумат“ за да ѝ се допаднат на околината и во суштина се несигурни.

Слични содржини