Веќе никогаш несоница: Три нешта кои ќе ви помогнат подобро да спиете

од Elena Daskalova
411 прегледи

Често се случува дури и да сме многу уморни, да не можеме да заспиеме и само да се превртуваме во креветот, а часовите да минат.

Сте се обиделе на многу начини да го решите ова, но науката пронашла токму три нешта благодарение на кои подобро ќе спиете уште од денес.

Природен сок од вишни

Сокот од вишни содржи триптофан и мелатонин. Триптофанот е аминокиселина која помага при синтетизирање на серотонинот. Мелатонинот е регулатор на сонот и неговото ниво во телото зависи од серотонинот. Ако често не можете да спиете, набавете си природен сок од вишни или чувајте одредена количина во замрзнувачот од која секогаш можете сами да го подготвите.

Златно млеко

Ова е идеална комбинација од млеко, куркума и зачини која ќе го релаксира вашето тело, а во исто време е и премногу здрава за нас. Како се подготвува може да прочитате ТУКА.

Чај од лаванда

Лавандата е позната по своите смирувачки и релаксирачки својства. Исушената лаванда оставете ја во зовриена вода најмалку 10 минути, но не повеќе од 20, во зависност од тоа колку сакате да биде јак чајот.

Слични содржини