Велија порачува: Сакаат да ме држат во затвор додека умрам! За инает ќе живеам 101 година

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Во „Слободен печат“ во четврток читателите ќе имаат можност да го прочитаат првото јавно обраќање на Велија Рамковски по неговото притворање во декември 2010 година.

pri-521

-Писмото на некогашниот сопственик на А1 телевизија е потресно сведоштво за бескруполозноста на џелатите на Никола Груевски во судиски тоги, кои сè уште се обидуваат да му ја зголемат ионака драконската затворска казна – пренесува Плусинфо.

-За четири месеци ќе наполнам 70 години. Верувам дека власта сака да ме држи во затвор додека умрам“. И во пост скриптумот: „За инает, ќе живеам 101 година! – пишува Рамковски.