Велика Британија испраќа 8.000 војници низ Европа, дел од нив и во С. Македонија

од Nikola Popovski

Околу 8.000 британски војници треба да бидат испратени низ Европа за да учествуваат во воени вежби, пишува „Sky News“.

Весникот наведува дека во една од најголемите заеднички вежби по Студената војна и дека околу 8.000 британски војници ќе бидат распоредени од Финска до Северна Македонија, најмногу во периодот меѓу април и јуни. На вежбите ќе учествуваат и десетици илјади војници на НАТО и членови на Здружените експедициски сили, вклучително и Данска, Исланд и Норвешка.

Во вежбите, покрај војници, ќе учествуваат и десетици тенкови и повеќе од 100 оклопни борбени возила.

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека планираните вежби ќе ја подобрат способноста на британските и финските трупи да работат заедно, обесхрабрувајќи ја, како што се наведува, „руската агресија во Скандинавија и балтичките земји“.

Министерот за одбрана на Велика Британија Бен Валас изјави дека овој потег ќе покаже „солидарност и сила“.

„Безбедноста на Европа никогаш не била поважна. Овие вежби ќе покажат како нашите трупи ги здружуваат силите со сојузниците и партнерите низ НАТО и со Здружените експедициски сили, како демонстрација на солидарност и сила во едно од најголемите заеднички распоредувања од Студената војна“, рече Валас.

Слични содржини