Овие кои вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро е да ги нема, тие се за во канализација и таму ќе завршат, порача новинарката Мирка Велиновска на трибината на ГДОМ, алудирајќи на документарецот објавен на „Ал Џазира“ пред некоку дена, објави порталот Курир.
мирка

Во тој документарец, според Курир, Македонија е претставена „во едно многу лошо издание од страна на платениците на СОРОС, но и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска“.

– Овие што вака ја исцртаа, ја исликаа и ја претставија Македонија во светот, за нив подобро ќе беше да ги нема. Тие се за во канализација и таму ќе завршат. Поинаку не може. Ова не е говор на омраза. Господата интервенционисти, бараат окупација на Македонија за одвнатре да не обезименат, да ни го изгорат домот, да не направат европски потстанари. Тоа ние нема да им го дозволиме. Јас мислам дека ниту едно семејство нема да дозволи и да седи на страна кога му го палат и рушат домот – рекла Велоновска.

Спроед неа, народот нема да дозволи државата да влезе во граѓанска војна, но дека ќе има провокации.

– Провокации секакви ќе има. Не го заборавајте Смилковско езеро, за Водици спремаа провокации. Информирајте се и препознавајте ја пропагандата и пропагандистите. Тие редовно ни прават анкети, службите со кои соработува Заев. Но, знаете ли што ги плаши, шокантните резултати, 92 осто, вклучително и Албанците родени во Македонија не даваат името да се смени и Македонија да исчезне – рекла таа.

Слични содржини