Велшаните со подарок за Ериксен пред дуелот со Данците (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Натпреварот помеѓу Данска и Велс, со кој започна осминафиналето на Европското фудбалско првенство, имаше увертира чиј главен херој беше Кристијан Ериксен.

Имено, капитенот на Велшаните, Герет Бејл им го предаде на Данците врамен дрес на Велс со името на данскиот фудбалер, кој беше клинички мртов неколку минути на првиот натпревар од шампионатот против Финска, но за среќа тој закрепнати.

Ериксен, по неколку дена поминати во болница по операцијата, веќе е дома.

Слични содржини