Фудбалската ѕвезда Лионел Меси се ожени со долгогодишната девојка Антонела Рокузо во аргентинскиот град Росарио каде е и роден. Меси и Антонела се знаат од детството, а имаат и два сина Тиаго и Матео.

Церемонијата е одржана во луксузниот хотел, а меѓу 260 годти беа и соиграчите на Меси Луис Суарез, Нејмар, Жерард Пике со сопругата Шакира. Дел од гостите на свадбата долетаа со приватен авион.

Аргентинскиот весник Clarín пишува дека Меси не повикал ни еден од своите досегашни тренери, вклучително и Пеп Гвардиола. На списокот на гости не се најде ни аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона.

Венчавката ја следеа околу 150 новинари кои добија акредитации за влез во посебна просторија за новинари, но не можеа да ја следат церемонијата. Весникот Clarín го нарече ова „венчавка на годината“ и „венчавка на столетието“.

Меси ја запознал Антонела кога имал пет години. Таа му е роднина на неговиот најдобар другар Лукас Скаљи кој исто така, е професионален фудбалер. Понудата да игра во Барселона ја прифати кола имаше 13 годни под услов, поради недостаток на хормон за раст, да му го плаќаат лечењето. Со Антонела во моментот ќивеат во Барселона.