Ветар ги оддува луѓето на плоштадот во Холандија

од desk2
89 прегледи

Најмалку три лица загинаа во Холандија во силната бура која туркаше дрвја, превртуваше камиони и го блокираше воздушниот и железничкиот сообраќај, а орканот Фредерика, со налети од ветер со јачина и до 160 километри на час во повеќето делови од Германија целосно го запре воздушниот и железничкиот сообраќај, а властите апелираат до граѓаните да не ги напуштаат становите без нужна потреба.

Најголемо внимание привлекоа снимките од улиците на Холандија и другите држави. Луѓето се обидуваат да ги зачуваат своите велосипеди да не им одлетаат, но и самите имаа проблем да се одржат на земја.

Како што може да се види на снимката, еден Холанѓанец, и буквално прелета преку плоштадот носен од ветрот.

https://twitter.com/DamianvanEssen/status/953921129386840064