(Видео) Американски пожарникар фати дете фрлено од третиот кат на запалена зграда

од desk2
49 прегледи

Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен објави снимка од спасување дете од запалена зграда во американската сојузна држава Џорџија.

Како што е наведено во описот на видеото, пожарот избувнал на 3 јануари во округот Де Калб, а снимката дури сега беше пуштена во јавноста. Во пожарот биле повредени 12 лица.

На видеото се гледа како пожарникарот фаќа дете што е фрлено од третиот кат на зградата.

„Детето го фативме како буквално да е фудбалска топка. Беше неверојатно“, рече еден од пожарникарите.