(ВИДЕО) Американците се во шок: Мисисипи мистериозно исушува, езеро во Пенсилванија исчезна за 48 часа

од desk4
87 прегледи

Ова лето, во различни крајбрежни области на САД се пронајдени чудни промени во нивоата на водата. До овој момент појавите се објаснуваа со беснеењето на ураганите, кои еден по друг ја уништуваа Америка.

Всушност силниот ветер е способен да ја „извлече“ водата од брегот. Но, како може да се објасни промената во нивото на езеро, кои е во внатрешноста на континентот?

На почетокот на октомври беше регистриран многу чуден феномен – огромната река Мисисипи, на неколку места, на многу мистериозен начин пресуши. Локалните жители не престануваат да се чудат, а научниците ги смируваат дека тоа се должи на вообичаената суша.

Но, ако се погледне повнимателно во сликите на реката од минатите години, ќе можеме да забележиме дека такво нешто никогаш не се случило. А, тоа може да значи само едно дека реката едноставно исчезна некаде.

Постојат претпоставки дека таа едноставно наиде на дупка во земјата во Њу Мадрид. Навистина, во движењето на тектонските плочи може да се формираат празнини преку кои може да истекува водата. И, ако тоа е така односно плочите почнаа да се движат, тогаш значи дека наскоро ќе има земјотрес.

Треба да се напомне дека во блиска иднина, според редоследот на предвидувања на јасновидците, движењето на текстонските плочи означува дека на местото на Мисисипи ќе се формира нов залив.

Ова не е единствениот случај на ненадејно исчезнување на водата. Пред неколку дена, еден човек од Пенсилванија направи слика од огромно езеро кое исчезна за 48 часа. Постои поинакво мислење за ова прашање, едни укажуваат дека водата е киднапирана од вонземјани, други сметаат дека езерото истекло во празнината од напуштените рудници.