(Видео) Бездомничката со ангелски глас ќе снима албум

од desk2
171 прегледи

Бездомничката од американското метро, која го освои интернетот кога беше објавена снимка на која совршено изведува оперска арија, добила понуда за работа и тоа од врвен холивудски продуцент.

Емили Замурка (52), како што се вика оваа жена, ја извела операта на Пучини “Џани Скики”, а видеото се појави на Твитер профилот на полицијата на Лос Анџелес и досега собра неколку милиони прегледи.

Таа се пресeлила од Русија во САД пред 20 години, но откако се разболела и не можела да ги плати сите медицински сметки, останала на улица.

Нејзината виолина од 10.000 долари била украдена додека живеела како бездомничка. Греми добитникот, продуцентот Џоел Дајмонд и понудил договор за снимање, а кампањата “GoFundMe” веќе собрала 59.000 долари за да ѝ помогне на Замурка, под услов да “ја сака нивната” помош, пишува Индипендент.

Додека живеела на улица, месечно добивала само 400 долари социјална помош од државата. Таа прво се исплашила дека полицаецот ја снима, и го молела да не ја објавува, но таа снимка можеби ќе и го промени животот. Не е објавено дали ја прифатила понудата на славниот продуцент.

Слични содржини