
Со психолошкиот товар кој го носи нашето секојдневие, дремката прилично станува честа појава меѓу луѓето кои ноќе не можат доволно да се наспијате, а имаат потреба да бидат енергични и концентрирани во текот на денот.
Меѓутоа, современите луѓе не се оние што го осознале овој генијален метод на привремено спиење. Дури и пред Индустриската револуција, луѓето го разделиле спиењето на два дела – прв и втор сон.
А, историјата памети дека некои од најголемите умови ја усовршиле оваа практика и се приспособиле кон своето преполно секојдневие, кое било полно со задачи и работа. За многу од нас здравиот сон е еден важен ритуал до кој се држиме за да не го пропуштиме, но за луѓе како Леонардо да Винчи и Никола Тесла сонот бил чиста загуба на време.
Да Винчи и Тесла имаа необичен режим
Додека повеќето луѓе од прединдустриското време практикувале бифазен режим (спиење по два пати на ден), двајцата генијалци во текот на денот на кратко време спиеле неколку пати, на тој начин си правеле полифазен сон. Нивната практика е нашироко позната денес како Уберман метод, кој вклучува шест 20-минутни спиења дистрибуирани во текот на денот.
Познато е дека Да Винчи спиел 15 минути на секои четири часа
Ова вкупното време за спиење го прави околу 1 час и 30 минути на ден и му дава на големиот уметник уште 6 дополнителни продуктивни часа повеќе. Следејќи го овој режим, Леонардо да Винчи заработил 20 продуктивни години повеќе за својот 67-годишен живот.
Тесла никогаш не спиел повеќе од 2 часа на ден
И покрај неговиот непобитен гениј, оваа навика не се препорачува, бидејќи може да биде главната причина за неговиот емоционален колапс и тоа на возраст од 25 години. Дури и професорите на универзитетот го предупредиле таткото на Тесла дека го убивале неговите навики на работа и спиење.
Но, зошто би направиле такво нешто?
Одговорот е лесен. Помалку спиење – повеќе будно време – односно повеќе време за работа. Денес постојат голем број на студии и прирачници за успешен полифазен сон. Значи, ако никогаш немате време, ќе можете да се обидете да промените некои од вашите навики – способноста правилно да го дистрибуирате своето време и да не спиете со задоволство, но за здрав дух и здраво тело. Полифазен сон дефинитивно не е за секого, но ако се одлучите да го пробате, направете си услуга – не прибегнувајте кон крајности, исто како што тоа го правел Тесла.