ВИДЕО: Дел од публиката во МОБ скандираше „Игор Дурловски“ пред почеток на операта „Набуко“

од desk2
117 прегледи

Вечерва, пред почетокот на операта „Набуко“, дел од присутните во публиката на Македонската опера и балет станаа и скандираа „Игор Дурловски, Игор Дурловски“.

Како што се гледа од видеото, остатокот од присутните во салата седеа и не се приклучија на скандирањето. По ова започнала операта и веќе немало попречувања.

Оперскиот пејач Дурловски е еден од 36-те приведени од страна на МВР, осомничени за тероризам, а моментално се наоѓа во притвор во Шутка. Тој е осомничен за учество во „крвавиот четврток“, односно насилниот упад во Собранието на 27 април во кој беа повредени пратеници и други присутни во законодавниот дом.

Дурловски беше еден од предводниците на иницијативата „За заедничка Македонија“ која ги предводеше протестите кои завршија со крвавиот упад.

https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1627601653927120/