(ВИДЕО+ФОТО 18+) Погледнете како изневерна сопруга со чевел брутално ја тепа љубовницата на мажот, среде улица, јавно

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Видео го покажува момент во кој лута жена ја напаѓа љубовницата на мажот пред шокирани полицајци, информира “Мирор”. Кадрите се снимени од очевидец на случката, а потоа се објавени на социјалната мрежа.
Нападот се случил во неименуван кинески град. Видеото покажува група од очевидци, вклучувајќи и полицајци, кои ја опкружиле сопругата, која безмилосно ја влече љубовницата за косата. Според информациите, излажана жена успеала да ги фати двајцата прељубници заедно и одлучи јавно да ја казни љубовницата.

Додека побеснетата сопруга со едната рака ја држи љубовницата за коса, со другата со чевел ја тепа. Цело време таа вреска како се обидува да ја искаже маката што ја трпелам цели 4 години од нивната врска.

Зачудените полицајци се обидуваат да ги разделат, но напаѓачката вели дека ќе ја пушти само ако јавно признае, пред сите за се она што е направено.

На крајот вработените на полицијата успеале да ја убедат сопруга да престане со насилните дејства и двете биле однесени во полициската станица за разјаснување на околностите.