Гејмер од Данска имаше голем испит на зрелоста. За време на директниот пренос на играта на интернет тој беше прекинат од неговата полуоблечена мајка, пишува “Мирор”. Таа влезе во неговата соба, а беше облечена само со градник и гаќи.

Тинејџерот ја играл League of Legends онлајн со пријателите, а едната камерата била фокусирана на играта, а другата на лицето.
Во еден момент полу облечената мајка влегува во собата без воопшто да се сомнева за пренос во живо. Конфузно гејмерот веднаш и вели што се случува и гледа побрзо да ја затвори вратата.
Според кадрите, сепак, мајката очигледно не е многу лута, бидејќи повторно благо ја отвора вратата и се смее на случката.
Повеќето корисници во мрежата кои го гледале видеото, ги фалат двајцата за нивното чувство за хумор и начинот на кој се справиле со ситуацијата.