(ВИДЕО+ФОТО) Трамп го потпиша новиот историски документ за ограничување на имиграцијата

од desk2

Претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша новиот декрет за ограничување на имиграцијата, објавија светски агенции. Белата куќа потврди дека шефот на државата го потпишал ревидираниот декрет за привремена забрана и прием на граѓани на 6 муслимански земји на територијата на САД.

На 27 јануари Трамп потпиша контроверзен декрет кој им забрануваше влез на граѓаните од 7 земји, вклучувајќи го и Ирак, да патуваат во САД. Декретот беше блокиран од американски суд.

Новиот декрет вклучува 90-дневна забрана за патување на државјани на 6 муслимански земји на територијата на САД. Станува збор за Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен. Овој пат администрацијата го исклучи Ирак од листата.

Новата извршна наредба гарантира заштита на десетици илјади луѓе со право на постојан престој во САД или носителите на “зелена карта” од наведените земји, што значи дека нема да бидат погодени од забраната за патување.


Повеќе од 20 судски тужби беа поднесени пред американски судови во врска со првиот указ. Судот од Вашингтон успеа да го блокира декретот на Трамп, но откако Деветиот окружен апелационен суд пресуди дека декретот го крши уставот, кој брани верска дискриминација.

Првиот декрет им забрануваше влез на граѓани од седум земји да влезат во САД за 90 дена и на сите бегалци, кои имаат забрана од 120 дена. На бегалците од Сирија и беше наметната неопределена забрана.

Слични содржини