(ВИДЕО+ФОТО) За последен пат: Обама му го спаси животот на Тод и Тејтр

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Традицијата беше почитувана и птиците не се разделија од животот.

1479966015-clipboard03

За последен пат како претседател Барак Обама помилува мисирки за Денот на благодарноста. Традицијата беше почитувана и птиците Тот и Тејтр не се разделија од својот живот, пишуваат агенциите.
Кусата церемонија се одржа во Градината со розите во Белата куќа, а оваа година претседателот не беше придружуван од ќерките.

1479966015-clipboard02
“Во изминатите 7 години востановив нова традиција – да ги засрамам ќерките со моите шеги за мисирки. Оваа година ним едноставно им стана досано од моите шеги. За среќа, до мене се двајца од моите советници. Моите ќерки Малија и Саша се благодарни што за последн пат оваа година го правам тоа како претседател, но она што тие не знаат, е дека отсега ние ќе продолжиме тоа да го правиме секоја година – без камери и фотоапарати “, изјави Обама, додавајќи дека не би се откажал од традицијата ” за студена мисирка”.
1479966015-clipboard03-1

Обама се реши и да им даде почит кон “сите оние храбри мисирки, кои немале толку среќа и не биле помилувани”. Секунди по шегата се чу како дете плаче, а Обама веднаш одлучи да се оправда “Ајде де, не беше толку лоша оваа шега”.
1479966015-clipboard01
Според традицијата на Денот на благодарноста, шефот на државата на САД помилува една мисирка. Таа беше 69-та по ред.