
Ако некој мисли дека градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис не може да не изненади со зборови и откритија за личниот живот, веројатно грешите. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис даде многу посебно лично интервју за интернет изданието „Што сакаш“, пишува „Бугарски новини“.
Тоа беше посебно затоа што е направено во јавна куќа во Солун, а градоначалникот откри многу детали од својот сексуален живот. Јанис Бутарис не се двоумеше да изјави дека денес има партнер и речиси секогаш користи медикаменти како средства за сексуално стимулирање.
Како што тој рече ги посетил повеќето од овие „домови“ во областа за да има личен увид во нивното работење.