Македонскиот ракометен вицешампион, Металург, зад себе ја остави една од најлошите сезони во Лигата на шампионите, но едно име се истакна во редовите на тимот од Автокоманда.

Халил Јагањац можеби беше единствената светла точка во таборот на Александар Јовиќ, а заради одличните партии Европската ракометна федерација (ЕХФ), хрватскиот бек на Металург, го смести меѓу шесте најдобри дебитанти во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите.
Во десетте натпревари кои оваа есен ги одигра Јагањац во дресот на „металурзите“, постигна 52 гола и беше лидер на македонскиот тим. Металург групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши со само две победи, едно реми и седум порази.