Астронаутите на НАСА кои во моментот се на Меѓународната вселенска станица посакале да јадат пица, па од надредените побарале да им ги испратат потребните состојки.

Како што напиша италијанскиот астронаут на Twitter, Паоло Несполи, неговиот шеф од Кејп Канаверал им пратил тесто за пица, сос од домати и кашкавал со автоматски вселенски товарен брод без посада Cygnus на МВС.
Секој астронаут си направил пица каква што сака, но тоа и не е така едноставно затоа што состојките лебдат во бестежинска состојба. Кога завршиле, пицата на триаголници ја сечеле со ножици.
Несполи вели дека пицата неочекувано вкусна, а на YouTubeu е објавено едноминутно видео кое покажува како прават пица.