385
Поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски преку видео-запис се обрати на јавноста, давајќи коментар за состојбата на медиумите во Македонија е евроинтеграциите.
„Од 93-та година, од основањето на А1 па до денес, не можев да не размислувам за медиумите. Медиумите се едни од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава“, вели Рамковски во своето обраќање.
Во јавноста наголемо се шпекучира дека Рамковски веќе разговара со стариот тим на А1ТВ и дека има намера да ја рестартира телевизијата. Можеби одговорот за тоа е во најавеното негово видео обраќање за кое нема сознаниње дали ќе биде преку социјалните медиуми или на фреквенција од постојните телевизии.