(ВИДЕО) Мајмун „цица бензин – индиски трговци кренаа раце од влакнестиот крадец зависник од високи октани

од desk4
100 прегледи

Трговци од индискиот град Панипат не очекуваа да фатат на дело влакнест крадец за кој подоцна се покажало дека е зависник од бензин, соопшти UPI.

Приказната тргнала од луѓето, кои се жалеле дека додека работеле на пазарот, некој од нивните возила крадел гориво.

Жртвите одлучиле да направат заседа на крадецот и со чудење утврдиле дека со нив се мајтапи див мајмун, зависник од бензинот.

Видеото покажува како крадецот стои до паркираните мотоцикли и чека нивните сопственици да се оддалечат.

Кога сè е смирено, крадецот го извлекува цревото за гориво и почнува да цица од него.

Шефот на локалната трговска група, Гуурав Лихах, е категоричен дека мајмунот не е опасен за луѓето.

„Тој е очигледно зависник од бензин. Ако некој му понуди банана или ореви, тој сигурно ќе ги одбие “, коментира тој.