(Видео) Најдобрите моменти од доделувањето на музичките награди Billboard

од desk2
142 прегледи

Спектакуларната свеченост за доделување на музичките награди Billboard се одржа синоќа во Гарден Арена во Лас Вегас.

Покрај тоа што беа доделени признанијата за најдобрите во музичката индустрија, вечерта ја обележаа и настапи во кои изведувачите испратија моќни пораки за маргинализираните заедници во општеството. Музичарите исто така зборуваа за подобрување на музичката индустрија во целост.

„Сакам да ги охрабрам музичарите да им стават до знаење на другите музичари како се чувствуваат во врска со нив. Покажете љубов, кажете им дека им ја сакате музиката“, рече раперот Дрејк кој синоќа ги собра речиси сите награди – најдобар изведувач, најдобар машки изведувач, најдобар во категориите Billboard 100 и Billboard 200, најслушана песна…

Дрејк воедно стана најнаградуваниот музичар во историјата на доделувањето на наградите Billboard.

Наградата за најдобар нов музичар му припадна на американскиот рапер Juice WRLD, а Аријана Гранде ги доби наградите најдобар женски изведувач и Billboard Chart Achievement.

Ед Шеран е музичар со најмногу турнеи, а Бијонсе и Џеј-Зи победија во категоријата најдобра аренби и рап турнеја.

Најголем аплауз собра Мараја Кери која од колешката Џенифер Хадсон ја прими наградата Billboard Музичка икона.

Комплетната листа на наградени музичари може да ја видите на официјалната страница на Billboard.

Слични содржини