(Видео) Најголемиот крузер на светот тргна на своето прво патување

од desk2
304 прегледи

После три години, најголемиот крузер на светот, чиј капацитет изнесува девет илјади луѓе, вчера исплови од пристаништето во Барселона и тргна на своето прво патување кон Медитеранот.

Крузерот „Symphony of the seas“ не ја носи само титулата најголем на светот, туку го поседува и највисокиот тобоган на море, најбрз интернет на море, а има и повеќе уметнички дела отколку што во Лувр има слики.

Крузерот е нешто подолг од 362 метри, а поседува дури 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини.

Може да прими околу 6.680 гости со околу 2.200 членови на екипажот, така што неговиот капацитет изнесува околу 9.000 луѓе.

„Осум од десетте најголеми бродови на светот им припаѓаат на компанијата Royal Caribbean, но овој навистина ги поместува границите. На крузерот не се чувствувате како да сте во гужва, бидејќи има 18 палуби. Тој е како зграда. Постојат 24 лифта и седум различни делови од крузерот, така што патниците се природно поделени“, пренесуваат светските медиуми.

Крузерот нуди бројни активности, така што на патниците не може да им биде досадно.

Оваа година крузерот ќе плови по Медитеранот, а следната година неговата база ќе биде во Мајами, на Флорида.

Потоа ќе следи и серија на крстарење на Карибите.