Окаратеризирана како “најтажната” поларна мечка, конечно ќе биде преместена од мала ќелија во кинески трговски центар, пренесува “Мирор”. Поларната мечка Пица ќе се врати во океанскиот парк во северниот дел на Кина, каде што е родена, за да живее со своите родители. Експертите открија дека Пица покажува знаци на сериозна депресија и неговата состојба се влошува.
“Пица преживеал еден живот на лишувања и страдања во оваа мала, вештачка, застаклена келија, па веста дека тој ќе биде ослободен ме прави многу среќен. Најпосле ќе го чувствува сонцето на крзното, ќе дише чист воздух и ќе го гледа небото во друштво на мајка си и татка си “, вели д-р Питер Ли од Меѓународното хумано општество.
Петицијата која собра еден милион потписи од љубители на животни од целиот свет беше предадена на кинеските власти минатиот месец, со кои се повикува Пица и други затворени животни во трговскиот центар да бидат ослободени.