(ВИДЕО) НАСА успеа да сними црна дамка која е неколку пати погомема од Земјата, а се движи по Сонцето

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Вселенската агенција НАСА објави на YouTube видео, на кое се забележува движење на голема дамка на површината на сонцето.

Кадрите се добиени од Опсерваторијата за соларна динамика на агенцијата, кои се снимени во периодот од 5 до 11 јули. Иако на клипчето дамката не изгледа особено голема, неговите димензии се неколку пати поголеми од размерот на нашата планета, истакнуваат научниците. Дијаметарот му е цели 120.000 километри.

Дамката е првото нешто што пред неколку дена се појавило на видливиот дел од сонцето. За време на намалувањето на сончевата активност слични феномени се случуваат почесто од обично. Дали дамката ќе стане причина за соларни ерупции, е премногу рано да се каже, забележуваат од НАСА.