Видео од славењето на плоштадот „Македонија“ и во Келн – Вардар е европски шампион !

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Во целата земја синоќа граѓаните ја прославуваа победата на ракометниот клуб Вардар, кој е нов европски првак откако во Келн во финалето на ракометната Лига на шампиони, го совлада Пари Сен Жермен со 24:23. Победничкиот погодок во последната секунда го постигна ракометарот Иван Чупиќ.

Низ улиците на главниот град Скопје се прославуваше победата на Вардар ечеа автомобилсите сирени веднаш по  завршувањето во чест на ракометните победници на Вардар. Граѓаните се собираа во центарот на  Скопје и во други градови. Се почна кога навивачките групи на Вардар се собраа кај Триумфалната порта каде почна славењето на победата

Се славеше и во Келн. МАкедоските навивачи кои го следеа финалето долго пееја пред  хотелот  на нашите херои.

Ви го пренесуваме и  пречекот на ракометарите на Вардар пред хотелот во Келн.

Видео – Дојче веле

Честитки за победата на Вардар на социјалните мрежи објавија премиерот Зоран Заев, сегашни и поранешни министри и функционери, поранешниот премиер Никола Груевски, љубители на ракометот и многу граѓани.

Фото – Твитер

Видео  Скопје– А1он