Стјуардеса во американската авиокомпанија Southwest Airlines се качи во просторот за рачен багаж , а снимката на социјалните мрежи предизвика различни коментари.
Патничката Вероника Лојд била изненадена кога во просторот за багаж ја забележала стјуардесата на летот од Нешвил кон Атланта. ,,Дали е ова сон?” , се прашуваше Вероника , која го постави видеото на социјалните мрежи.
Is this a dream @SouthwestAir ? pic.twitter.com/Kkz3wxcoXw
— Veronica (@Disko_InVERNo) July 29, 2019
,,Беше горе околу пет минути, а повеќе од половината од луѓето се качија во авионот додека се симна“, вели Вероника. „Беше прилично смешно“.
„Таа ги поздравуваше патниците кои влегуваа во авионот“, додаде таа.
Is this a dream @SouthwestAir ? pic.twitter.com/Kkz3wxcoXw
— Veronica (@Disko_InVERNo) July 29, 2019
Од авиокомпанијата Southwest Airlines велат дека нивните вработени се „познати по тоа што го покажуваат своето чувство за хумор и се уникатни личности“.