(ВИДЕО) Почина професорот, на кого целото училиште му пееше под прозорецот

од desk3
77 прегледи

1474296374-fb-65c946ae4bbd75dcec360bf8dc599b8c

Професорот Бен Елис, кој предавал латински јазик во училиштето “Кристис пресвитериан академи” во Нешвил, Тенеси во САД стана познат на целиот свет, откако околу 400 студенти и професори се појавија под неговиот прозорецот , за да пеат и да дадат поддршка во борбата против ракот.За жал, тој не успеал да преживее, па само неколку дена по потресната случка, која многу брзо се прошири на интернет, починал.

https://youtu.be/txaiG93uaBU

Бен бил еден од омилените професори во училиштето, но сепак бил изненаден кога 400 студенти се појавиле пред неговиот дом, за да му испејат песна и така да го изненадат. Кон учениците се приклучија и колегите на професорот и другиот персонал од училиштето.