Придружете му се на Леонардо ДиКаприо во неговото истражување на прашањето кое ги засега сите: „Климатските промени“. Тој открива што мора да биде сторено за да се спречи катастрофалната деструкција на животот на нашата планета.
„Пред потопот“ (Before the Flood), режиран од Фишер Стивенс, го прикажува тригодишното лично патување на Оскаровецот и гласноговорникот за мир на Обединетите Нации, Леонардо ДиКаприо, во кое тој интервјуира индивидуи од сите сегменти на општеството, во развиени и неразвиени држави, кои произведуваат уникатни, страствени и прагматични погледи на тоа што мора да биде сторено денес и во иднина за да се спречи катастрофалното уништување на нашата планета.
Со секоја употреба на хаштагот #BeforeTheFlood на Фејсбук, Твитер или Инстаграм помеѓу 24 октомври и 18 ноември, 21st Century Fox и National Geographic заедно ќе донираат по 1 долар за Pristine Seas и 1 долар за Wildlife Conservation Society, до 50,000 долари на секоја од организациите.
https://www.youtube.com/watch?v=90CkXVF-Q8M